Lekolid™ лого

Троен механизам на дејство за потполна контрола на симптомите на ендометриоза

  • Ублажува воспаление и болка
  • Запира раст на ендометриумско ткиво
  • Намалува можност од повторна појава на симптоми
Lekolid™ кутија
Фотографија на среќна жена

Консултирајте се со својот гинеколог уште денес.

1 од 5-10 жени во репродуктивниот период развива ендометриоза.

Кај 30–50% жени со ендометриоза се јавува неплодност!

Потполно природен производ додаток на исхраната, со патентирана активна технологија, за терапија на ендометриоза

Компонентите на Lekolid™ дејствуваат синергистички на симптомите на болеста.

Куркумата или индискиот шафран

Куркумата или индискиот шафран, припаѓа во билки класифицирани како GRAS – Generally Recognized As Safe Substances, односно супстанции генерално признаени како безбедни (FDA U.S. Food and Drug Administration).

Активните супстанции куркумин и куркуминоиди дејствуваат така што го запираат растот и ширењето на ендометриумското ткиво. Исто така имаат и антиинфламаторно и антиоксидативно дејство, значајно во контрола на болката и други симптоми на ендометриозата.

Кверцетинот спаѓа во класата флавоноиди (органски соединенија од растително потекло), и како и куркуминоидите делува со запирање на растот на ендометриумското ткиво, антиинфламаторно и антиоксидантно.

Кверцетинот во Lekolid™-от е од екстракт од Sophora japonica (јапонски багрем), во фармакологијата познат по примената во лечење на крварење на утерусот, згрушување на крвта и бројни други третмани.

Кверцетинот
N-acetil-cistein (NAC)

N-acetil-cistein (NAC) претставува форма на L-cistein (полуесенцијална аминокиселина) и познат е по своето антиоксидативно дејство. Доведува до значајно намалување на обемот на ендометриумските цисти.*

*Porpora M.G. et. al. A. Promise in the Treatment of Endometriosis: An Observational Cohort Study on Ovarian Endometrioma Reduction by N-Acetylcysteine. Evidence-Based Complementary and Alternative Medicine Volume 2013, Article ID 240702

ENDOBASP® технологијата на изработка на таблети обезбедува ефикасна и зголемена апсорпција, како и биорасположивост на супстанците кои нормално не се апсорбираат.

ENDO – endometriosis
B – bromelain
A – L-arginine
S – sucrester
P – piperine

ENDOBASP® технологијата е патентирана иновативна технологија која благодарение на синергијата на придвижувачите на апсорпцијата (bromelin, l-arginin, естер на сахароза, piperine) овозможува висока биорасположивост на активните состојки на Lekolid™-от во тенкото црево и ја подобрува антиинфламаторната и антипролиферативната активност. Дополнително, обезбедува и гастропротективен ефект на таблетите.

Ендометриоза

Ендометриоза се дефинира како присуство на ткиво налик на ендометриумот вон утерусот, кое предизвикува хронични инфламаторни реакции на ткивото, болка и неплодност. Се работи за болна воспалителна состојба која најчесто се наоѓа на: јајниците, јајцеводите, ткивото кое го држи утерусот на место (лигаменти), надворешната површина на утерусот, додека поретко се наоѓа и на вагината, цервиксот, цревата, мочниот меур и ректумот.

Релативно е честа дијагнозата, но непрепознаена.

Како што ендометриумот во утерусот има месечен циклус, така и ендометриумот вон утерусот поминува низ истите фази.

Ендометриумот вон шуплината на утерусот крвари во органите во кои се наоѓа, предизвикувајќи иритација, воспаление и подоцна и прираслици. Прираслиците го слепуваат околното ткиво со утерусот намалувајќи ја неговата функција.

Ендометриумските цисти на јајникот се познати како чоколадни цисти.

endometriosis.jpg
1Утерус
2Јајцевод
3Јајник
4Лигамент на јајникот
5Ендометриумски промени
6Ендометриум
7Вагина
  • 1 од 5-10 жени во репродуктивниот период развива ендометриоза.
  • Кај 30–50% жени со ендометриоза се јавува неплодност!
Ена во ендометриоза

Ендометриозата е наследна состојба на која влијаат генетски и фактори на опкружувањето:
1. Ќерките и сестрите на жени кои имаат ендометриоза, имаат 6 пати поголем ризик
2. Жени на возраст од 25-40 години
3. Жени со ниско ниво на прогестерон
4. Продолжена изложеност на естроген: нпр.: Доцна менопауза или рана менструација
5. Историја на компликации на менструациите (т.е. долги менструални циклуси, чести периоди)
6. Доколку жената не раѓала
7. Висок внес на црвено месо и масти
8. Висок внес на алкохол

Кои се симптомите на ендометриоза?

Симптомите на ендометриоза варираат така да поедини жени немаат никакви симптоми а кај други се јавуваат јасно изразени симптоми, иако отсуството или присуството на симптоми, не укажува на степенот на развиеноста на ендометриозата. Симптомите вклучуваат:

  • Хронична болка во карлицата
  • Болни менструации (дисменореа)
  • Обилни менструации
  • Хронична физичка исцрпеност
  • Болка при сексуален однос
  • Болка за време на овулација
  • Болка при перисталтички движења на цревата (придвижување на храната во цревата) или за време на мокрење
  • Болка во грбот
  • Надуеност…

WHO (Светска здравствена организација)

Кога се сомневаме на ендометриоза?

Сомнеж на ендометриоза постои (вклучувајќи и девојки 17 години и помлади) доколку е присутен 1 од наведените симптоми или знаци:

  • Хронична болка во карлицата
  • Болка поврзана со месечниот циклус (дисменореа) која влијае на дневните активности и квалитетот на животот
  • Длабока болка за време или по сексуален однос
  • Гастроинтестинални симптоми циклични или поврзани со менструацијата, особено болка при перисталтички движења на цревата
  • Уринарни симптоми поврзани со  менструацијата, особено крв во урината или болка за време на мокрење
  • Неплодност поврзана со еден или повеќе од наведените симптоми

NICE (The National Institute for Health and Care Excellence) тераписки водич 2017

Дејство

Дејството на Lekolid™-от има троен ефект така што го запира растот на ендометриумското ткиво, ја ублажува болката и инфламацијата и го отстранува оксидативниот стрес.
Ендометриоза ефект

Троен механизам на дејство за потполна контрола на симптомите

Троен механизам на дејство за потполна контрола на симптомите

Клинички потврден 

Lekolid™ кутија

30 гастро резистентни таблети

Дозирање и употреба

Една таблета дневно со лажичка маслиново масло или за време на оброк за да се подобри апсорпцијата на активните состојки

ЛЕКОЛИД™ 1 ТАБЛЕТА
Кверцетин 200 мг
Куркума 210 мг
   куркуминоиди 200 мг
N-acetilcistein 150 мг

Препорачан начин на употреба: 1 таблета дневно.

Производот не е наменет за лица чувствителни на некоја од состојките на производот, трудници, доилки и деца помлади од 3 години, лица со опструкција на жолчни патишта и со камен во жолчка, како и лица на антикоагулантна терапија. По потреба може да се комбинира со други лекови: контрацептивни или хормони и лекови за терапија на болка.

Може да се користи и после хируршка интервенција, со цел да се намали можноста од повторна појава на симптоми. Не се познати несакани дејства, нема интеракција со други лекови и нема ограничувања во употребата. Не содржи глутен, ниту лактоза.